Екипата на Младост 1977 Богданци за нова сезона се засили со двајца кадетски репрезентативци кои доаѓаат од тимот на Тиквеш.
Станува збор за голманот Благој Панов и десниот бек Давид Иванов кои потпишаа договори на две сезони.
Од управата на тимот очекуваат да се врати и Душан Каркалашев кој еднаш досега беше дел од кадетската репрезентација, тука се актуелните кадетски репрезентативци Стојанчо Наумовски, Антонио Николоски и Илија Чрчев со што би се потполнила бековската линија на Младост 1977 Богданци.

(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷