Селекторот на женската ракометна репрезентација, Љубомир Савевски, го објави списокот на ракометарки за настап на Медиранските игри кои ќе се играат во градот Оран (Алжир).
Повикани се 16 ракометарки за настапот на Медитеранските игри. Македонија за противници ги има репрезентациите на Србија, Турција и Португалија.
Состав на Македонија за Медитеранските игри:
Голманки: Марија Јовановска, Матеа Чурлиновска
Бекови: Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Марија Јанкуловска
Крила: Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска
Пивоти: Александра Коловска, Ивана Џатевска
(фото-РФМ)📷