Екипата на Загреб за следната сезона се засили со Габриел Бувиниќ кој доаѓа од тимот на Умаг.
Габриел Бувиниќ кој има 23 години настапува на позицијата лево крило. Бувиниќ во последните две сезони беше најдобар стрелец во хрватската премиер лига со 187 постигнати голови во сезоната 2020/21 и со 165 гола во сезоната 2021/22.

(фото-Рк Загреб)📷