Српскиот репрезентативец Немања Зеленовиќ го напушта Гепинген и се сели во редовите на повратникот во Бундес лигата, екипата на Гумерсбах.
Немања Зеленовиќ настапува на позицијата десен бек и со германскиот тим Гумерсбах потпиша договор на две години.
Зеленовиќ освен за Гепинген настапуваше и за Магдебург, Висла Плоцк, Целје и Црвена Звезда, а настапува и за репрезентацијата на Србија.
(фото – Рк Гумерсбах)📷