Давид Дејвис Камара заминува од Вардар 1961, но Михајло Михајловски ја остави „отворена“ вратата за Дејвис во случај да го смени мислењето.
Нов тренер на Вардар 1961 ќе биде Владо Недановски, а помошник Стојан Петрушевски, додека тренер на голманите ќе биде Борко Ристовски.
„Со Дејвис имавме договор до остане, секогаш сакаше да биде тука ако играме во ЛШ. Имавме се договорено пред да дојде одлуката. Тој ми кажа дека ќе си замине ако не играме во ЛШ. Ние имаме замена тоа е Владо Недановски, човек кој работел со Парондо, Раул, Вујовиќ, Алушовски…Тој ќе биде опција. Ако Давид се предомисли кога ќе види дека играчите останеле, може да дојде и да продолжи во Вардар. Борко Ристовски ќе биде задолжен за голманите во црвено-црниот тим”, – изјави Михајло Михајловски.
Составот на Вардар 1961 за следната сезона:
Голмани: Мартин Томовски, Васил Гогов, Борко Ристовски (тренер на голмани)
Десни крила: Гоце Георгиевски, Ален Ќосевски, Дарко Ѓукиќ
Десни бекови: Куни Моралес, Давид Савревски
Средни бекови: Мартин Карапалевски, Стефан Додиќ (ако му дозволи Киелце), Анте Гаџа
Леви бекови: Филип Талевски, Марко Мишевски,
Леви крила: Тимур Дибиров, Јан Чувара (можно е да си замине)
Пивоти: Стојанче Стоилов, Стефан Атанасовски, Милан Лазаревски
Вардар 1961 ќе настапува во Супер лигата, Купот и Сеха лигата и ќе бара место за обезбедување во Лигата на шампионите.
(фото/изјава-Вардарфанс)📷