Тинекс Пролет дополнително го засили играчкиот кадар потпишувајќи договор со Александар Василевски, искусниот лев бек, кој по една година пауза се враќа назад во тимот.
Василевски претходно неколку сезони со успех настапуваше за Пролет, минатото лето се пресели во новиот суперлигаш Скопје, за сега да се врати назад во Тинекс Пролет.
Со ангажманот на Александар Василевски скопскиот тим дополнително ја засилува бековската линија, а во блиска иднина се очекува да биде решено и голманското прашање во екипата.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷