Професионални договори за четворица ракометари од младинскиот погон на Радовиш

Екипата на Радовиш продолжува со составувањето на играчкиот кадар за следната сезона во Супер лигата.

Професионални договори потпишаа четворица играчи кои доаѓаат од младинските категории, а тоа се: голманот Александар Ристов, пикерот Ристе Атанасов, десното крило Матеј Шапков и левото крило Костадин Ѓеоргиев.

(фото – Рк Радовиш)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.