Ракометниот Клуб Алкалоид ја комплетираше првата сезона, а се комплетираа и тренинзите на ракометните школи на најмладите ракометари.
Околу 500 деца на возраст од 6 до 14 години во целата наша држава беа дел од ракометните школи на Рк Алкалоид, а очекувањето од тимот е следната сезона бројот да биде уште поголем.
„Комплетиравме успешна сезона, во која ги воведовме најмладите во нов систем, преку кој се дружевме, трениравме и учевме. Ги внесовме во светот на ракометот. Живееја, се забавуваа и другаруваа како тим, како спортско семејство. Многу внимание им посветивме на дисциплината, на правилниот развој, како и на почитта спрема другите, спрема повозрасните и спрема околината. Во клубот сакаме да креираме личности, не само ракометари. Нема поубаво чувство од тоа кога ќе видиш среќни деца, па затоа следната сезона ќе се прошириме. Заинтересираноста постојано се зголемува. Ќе се обидеме во повеќе училишта да отвориме свои секции, да станеме достапни за што повеќе деца“, вели Влатко Котески.

(фото-Рк Алкалоид)📷