Голманот кој е од Велес, Виктор Гигов кој има 44 години го продолжи договорот со грчкиот тим ПАОК.
Договорот е продолжен на една година. Гигов освен за ПАОК има настапувано и за Борец, Младост Богданци, турските Кајсери и Селка.
„Поминав две години во ПАОК, среќен сум што нашето партнерство ќе продолжи уште една сезона. Се надевам дека ќе можеме да постигнеме уште подобри и поголеми нешта во домашните натпреварувања и во Европскиот куп на ЕХФ”, – изјави Виктор Гигов.
(фото – Рк ПАОК)📷