Екипата на Голден Арт која по една сезона се враќа во Супер лигата ги започна подготовките за новата сезона.
Имајќи предвид дека оваа сезона првенството стартува порано од вообичаено, Голден Арт една недела порано ги стартуваше подготовките за новата сезона во која ќе се натпреварува со најдобрите македонски екипи
Вообичаено за оваа фаза од годината, на тренинзите ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност, но паралелно ќе се воигрува екипата имајќи предвид дека во ростерот Голден Арт има дури девет нови ракометари.
Во последните две недели од месец август екипата ќе одигра неколку натпревари со екипи од суперлигата и екипи од странство
(фото-Рк Голден Арт)📷