
Победничката серија на Тиквеш продолжи и против Скопје 2020
Ракометарите на Тиквеш продолжуваат со победите во Супер лигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Скопје 2020 со 31-24.

Ракометарите на Тиквеш продолжуваат со победите во Супер лигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Скопје 2020 со 31-24.

Тимот на Тинекс Пролет оствари победа на домашен терен против екипата на Радовиш со 30-23 во натпревар од Супер лигата.

Составот на Еурофарм Пелистер дојде до победа на тешкото гостување кај Бутел Скопје со 23-21.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 забележа победа на домашен терен против екипата на Струга со конечни 32-26 во натпревар од Супер лигата.

Најдобриот стрелец во Првата лига, Адис Салиу ја напушти екипата на Јехона од Гостивар, и потпиша договор со косовскиот тим Кастриоти Феризај.

Братот на Игор Карачиќ, Иван Карачиќ кој настапува за репрезентацијата на Босна и Херцеговина реши да ја заврши репрезентативната кариера и да се посвети на клупско ниво. Иван Карачиќ својата одлука ја соопшти на социјалната мрежа Фејсбук.

Поранешниот играч на Франција, Хавиер Бараше на крајот од сезоната ја завршува ракометната кариера.

Десното крило Јованка Радичевиќ која има 35 години на крајот од сезоната си заминува од Турција од екипата на Кастамону.

Екипата на Вардар ја забележа првата победа во Сеха лигата, против екипата на Војводина со убедливи 26-16.

На денешен ден пред 13 години во тепачка во Веспрем, беше избоден пикерот Мариан Козма по што подлегна на повредите.