
Лесна победа на Текстилец против Шампион
Ракометарите на Текстилец остварија убедлива победа против екипата на Шампион со убедливи 35-23 во плеј-аутот во Првата лига.

Ракометарите на Текстилец остварија убедлива победа против екипата на Шампион со убедливи 35-23 во плеј-аутот во Првата лига.

Екипата на Тримо Требње каде настапуваат Милан Лазаревски и Тоше Ончев забележа победа против Јерусалем Ормож со 37-28 во првенството на Словенија.

Ракометарот Валентин Куран потпиша договор со екипата на Мешков Брест до крајот на сезоната 2022/2023 со можност за продолжување на уште една сезона.

Екипата на Веспрем каде настапува Дејан Манасков славеше убедлива победа против Дабас со 44-29 во унгарското првенство.

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет забележаа победа на гостувањето кај екипата на Феникс АМС со 24-29 во натпревар од 12. коло од плеј-аутот во Супер лигата.

Ракометарите на Кичево 2020 забележаа убедлива победа против составот на Партизан Гевгелија со конечни 43-30 во плеј-аутот во Првата лига.