
Никола Костески и Влатко Митков со Холабрун се закитија со трофеј
Екипата на Холабрун каде настапуваат Никола Костески и Влатко Митков славеше против Тирол со 31-23 во последното коло од плеј-офот од Втората лига во Австрија.

Екипата на Холабрун каде настапуваат Никола Костески и Влатко Митков славеше против Тирол со 31-23 во последното коло од плеј-офот од Втората лига во Австрија.

Екипата на Рапид Букурешт е нов шампион во женска конкуренција во Романија, откако во последнот коло славеше против Валчеа со 27-35.

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан кој доаѓа од катарски Ал Ахли е ново засилување за хрватскиот тим ППД Загреб.

Тренерот Иван Марковски пристигна во Кина каде ќе биде тренер на женскиот тим Шандонг.

Екипата на Порто каде настапува македонецот Никола Митревски триумфираше на последниот натпревар од првенството во Португалија против екипата на Мадеира со 34-30.

Екипата на Бисинов од Велес е нов шампион на Македонија во пионерска машка лига откако во финалето го совлада тимот на Струга со 21-18.