Алборг го совлада Елверум, Вардар славеше против Загреб

Екипата на Алборг го совлада тимот на Елверум со 32-27 во Лигата на шампионите. Најефикасен во екипата на Алборг беше Феликс Клар со шест погодоци, додека кај екипата на Елверум најефикасен беше Синдре Хелдал со пет погодоци.

Интервју со тренерот на Рк Вардар 1961, Давид Дејвис Камара

Драго ми е што повторно тренирам. Ја сакам мојата работа и Вардар понуди можност да се вратам во натпреварувањето. Чувам убави спомени од моето поранешно време во Скопје, но потоа се се промени во клубот. Да видиме како ќе се одвиваат работите од сега па натаму.