
Васил Гогов во Топ 5 одбрани во ЛШ против Веспрем
Голманот на Вардар, Васил Гогов кој имаше 8 одбрани од 14 обиди на Веспрем беше сместен од ЕХФ во Топ 5 одбрани во Лигата на шампионите на натпреварот против Веспрем.

Голманот на Вардар, Васил Гогов кој имаше 8 одбрани од 14 обиди на Веспрем беше сместен од ЕХФ во Топ 5 одбрани во Лигата на шампионите на натпреварот против Веспрем.

Ракометарите на ПСЖ славеа победа против Елверум со конечни 37-30 во вториот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар беше нерешено 30-30.

Екипата на Пик Сегед славеше против Фленсбург со 36-35, и не успеа да се пласира во четвртфиналето, откако на првиот натпревар загуби со 25-21.

На натпреварот помеѓу Веспрем и Вардар, македонскиот тим успешно го промовираше младиот голман, Васил Гогов, кој влезе во игра во 45 минута и за само 15 минути успеа да одбрани 8 од 14 упатени удари кон неговиот гол, што е повеќе од 50% на успешност.

Екипата на Монпелје славеше против Порто во вториот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите со конечни 35-27.

Ракометарите на Вардар одиграа нерешено со екипата на Веспрем со конечни 31-31 и се простија од Лигата на шампионите за оваа сезона.