
Металопластика го освои Купот во Србија
Екипата на Металопластика го освои Купот во Србија, откако во финалето на продолженија ја совладаа екипата на Војводина 29-28 (25-25).

Екипата на Металопластика го освои Купот во Србија, откако во финалето на продолженија ја совладаа екипата на Војводина 29-28 (25-25).

Еурофарм Пелистер и Нексе ќе го одиграат реваншот во осминафиналето во Лигата на Европа. Екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето кај Нексе со 29-26, но во реваншот ќе биде жешко затоа што од клубот најавија дека цела сала "Боро Чурлевски" во Битола е распродадена и повеќе нема билети за натпреварот.

Екипите на Шампион и Кичево 2020 си ги поделија бодовите во плеј-аутот во Првата лига, откако двете екипи одиграа нерешено со 28-28.

Екипата на Куманово оствари победа против екипата на Работнички со конечни 31-28 во плеј-офот во Првата лига.

Ракометарите на Бутел Скопје го совладаа тимот на Тиквеш 2014 со 32-29 во плеј-офот во Супер лигата.

Екипата на Вардар 1961 дојде до бодови на тешкото гостување во Битола кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 22-19 во плеј-офот во Супер лигата.