
Јуниор Кисела Вода покажа сила кон Драчево
Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа победа против екипата на Драчево со 35-28 во плеј-офот во Првата лига.

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода забележаа победа против екипата на Драчево со 35-28 во плеј-офот во Првата лига.

Екипата на Скопје 2020 во последната секунда со гол славеше над екипата на Прилеп со минимални 23-22 во плеј-аутот во Супер лигата.

Екипата на Крим забележа убедлива победа против Ференцваршот со 33-24 во првото осминафинале во Лигата на шампионите. Најефикасна кај екипата на Крим беше Ана Грос со 13 погодоци, додека кај екипата на Ференцварош најефикасна беше Ангела Малтештајн со седум гола.

Португалскиот тим Порто каде настапува македонскиот голман Никола Митревски, забележа победа против екипата на Маиа Исмаи со 30-24 во 20 коло од домашниот шампионат.

Ракометарите на Нексе го совладаа тимот на ППД Загреб со минимални 30-29 во домашното првенство во плеј-офот и го преземаа првото место на табелата.

Ракометарките на Деспина забележаа победа против Пелистер со 23-19 во плеј-офот во Женската Супер лига.