
Немања Ѓурашковиќ го засили тимот на Куманово
Црногорскиот ракометар Немања Ѓурашковиќ е ново засилување на екипата на Куманово, кое доаѓа од германски Котбус.

Црногорскиот ракометар Немања Ѓурашковиќ е ново засилување на екипата на Куманово, кое доаѓа од германски Котбус.

Тренерот Ларс Валтер доби подарок од Еурофарм Пелистер и се збогува со тимот, каде поради слабите резултати во Лигата на Европа спогодбено ја прекина соработката со битолскиот тим.

Екипата на Јуниор Кисела Вода оваа сезона се бори за опстанок во Супер лигата, а претседателот на клубот Ристо Чокрев се надева дека екипата ќе остане и оваа сезона во машката Супер лига.

Ракометарките на Ѓорче Петров беа подобри од ракометарките на Пелистер, откако во Битола триумфираа со резултат 33-28.

Ракометарките на Скопје со пресврт дојдоа до победа против екипата на Деспина, откако славеа со 27-26 во плеј-аутот од Женската Супер лига.

Екипата на Чаир забележа убедлива победа против екипата на Стружанка со резултат 31-23 во плеј-офот од Женската Супер лига.