
Oденсе со триумф против Брест во ЛШ, Битигхајм со победа во ЛЕ
Во Лигата на шампионите во женска конкуренција Оденсе славеше против Брест Бретањ со минимални 25-24 во осминафиналето.

Во Лигата на шампионите во женска конкуренција Оденсе славеше против Брест Бретањ со минимални 25-24 во осминафиналето.

Екипата на Крим забележа убедлива победа против Ференцваршот со 33-24 во првото осминафинале во Лигата на шампионите. Најефикасна кај екипата на Крим беше Ана Грос со 13 погодоци, додека кај екипата на Ференцварош најефикасна беше Ангела Малтештајн со седум гола.

Екипата на Амичитија Цирих каде што настапува Мартин Поповски обезбеди финале во Купот на Швајцарија, откако во полуфиналето ја совладаа екипата на Берн со 26-23.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 славеше убедливо против Прилеп со 38-22 во Купот на Македонија и се пласира на Ф4.

Ракометарките на Чаир ја совладаа екипата на Феникс АМС со 39-33 и се пласираа на Ф4 во Купот на Македонија.

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првите натпревари од осминафиналето на Лигата на Европа. А екипата на Еурофарм Пелистер ќе гостува кај екипата на Нексе во првиот натпревар.