
Алкалоид го доби и Тиквеш во Автокоманда
Екипата на Алкалоид продолжува со победите во плеј-офот од Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Тиквеш со 29-25.

Екипата на Алкалоид продолжува со победите во плеј-офот од Супер лигата, откако на домашен терен го совлада Тиквеш со 29-25.

Управата на Тинекс Пролет пред мечот со Вардар 1961 ја искористи можноста за да им додели специјални благодарници на Михаил Аларов и на Томи Јагуриновски, кои пред неколку месеци од Пролет направија трансфери во редовите на Вардар 1961.

Екипата на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со резултат 19-17 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Ракометарите на Текстилец забележаа убедлива победа против екипата на Борец со високи 50-23 во натпревар од плеј-аутот во Првата лига.

Екипата на Аеродром забележа победа против екипата на Шампион со 31-29 во натпревар од плеј-офот во Првата лига.

Екипата на Вардар 1961 забележа победа на гостувањето кај екипата на Тинекс Пролет со резултат 25-18 во натпревар од 8. коло во плеј-офот од Супер лигата.