Лига на шампиони: Познати осминафиналните парови

Заврши групната фаза од Лигата на шампионите во машка конкуренција. Екипата на Вардар 1961 за противник во осминафиналето го доби тимот на Веспрем, ако го мине Веспрем, македонскиот тим би играл со Алборг.

Аеродром даваше отпор, но Струга продолжува понатаму во Купот

Ракометарите на Струга остварија победа против Аеродром во Купот на Македонија од 32-30 и обезбедија меч за борба на Ф4 во Купот на Македонија. Струга во финалето од групата 2 ќе игра со Бутел Скопје.