
Аеродром забележа победа на тешкото гостување кај Работнички
Ракометарите на Аеродром остварија победа кај екипата на Работнички со 23-27 во плеј-офот од Првата лига.

Ракометарите на Аеродром остварија победа кај екипата на Работнички со 23-27 во плеј-офот од Првата лига.

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа на гости кај екипата на Кузман Вардар Илинден со 28-35 во плеј-аутот.

Ракометарките на Спартак дојдоја до три бода на гостувањето кај екипата на Шампион со конечни 26-31 во плеј-аутот во Супер лигата.

Ракометарките на Вардар славеа во дербито против Металург на домашен терен со 20-18 во натпревар од плеј-офот во Супер лигата.

Екипата на Тор Акурејри од Исланд каде тренер е Стевче Алушовски и каде настапува Томислав Јагуриновски забележа победа на гостувањето кај екипата на Кодренгир со убедливи 21-32.

Ракометната федерација на Чешка ги пушти во продажба билетите за првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Полска и Шведска против Македонија.