Ашреф Маргели ги засили редовите на Вардар 1961

Во новата сезона Вардар 1961 ќе биде засилен со репрезентативецот на Тунис, Ашреф Маргели (27) кој игра на позицијата десен бек. Тој потпиша едногодишен договор и ќе биде засилување за тимот за следните предизвици на „црвено-црните“.

Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со Нејц Цехте

Како дел од стабилизација на проектот и конструирање на тимот за иднина, Еурофарм Пелистер го продолжи договорот со словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте. Десниот бек се обврза на договор на уште една година со шампионот на Македонија.