
Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев ги завршија ракометните кариери
Ракометарите на Радовиш, Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев решија да ги завршат ракометните кариери.

Ракометарите на Радовиш, Александар Долдуров и Спасе Ѓорѓиев решија да ги завршат ракометните кариери.

Екипата на Охрид потпиша договори со грузиските играчи, левото крило Хазеин Рустамов и голманот Зураб Цинцадзе.

Ракометарите Петар Зафировски и Енес Идризи ракометните кариери ги продолжуваат во Германија во екипата на Котбус.

Црногорскиот ракометар Вуко Борозан кој доаѓа од катарски Ал Ахли е ново засилување за хрватскиот тим ППД Загреб.

Тренерот Иван Марковски пристигна во Кина каде ќе биде тренер на женскиот тим Шандонг.

Составот на Вардар на последниот натпревар со екипата на Чаир им се заблагодари на тренерот Драгана Ристова и ракометарките Катерина Дамјаноска и Марија Николовска кој го напуштаат тимот.