Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) доби нов спонзор во името на CHERY (Grand Auto).

Соработката беше промовирана на прес-конференција одржана во новоотворениот CHERY салон на Grand Auto, официјалниот увозник на брендот во Македонија.

Спонзорството е дел од пошироката стратегија на CHERY за раст на европските пазари и претставува јасен сигнал за долгорочна посветеност кон луѓето во Македонија.

Новото партнерство има за цел да го поддржи развојот на македонскиот ракомет, да ги мотивира младите генерации и да промовира вредности како што се тимската работа, дисциплината и стремежот кон успех.

(фото – РФМ)📷


Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *