Во продажба се билетите за натпреварот меѓу Вардар и Тулуз во Лигата на Европа

Вардар е веќе пласиран во ТОП 16 фазата од Лига Европа, а на 2 декември ќе го игра последниот дуел од групната фаза против Тулуз. На тој меч и официјално ќе го прослави минувањето меѓу најдобрите екипи во Лига Европа.

Распродадена е салата “Боро Чурлевски” за натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Алкалоид

Тимот на Еурофарм Пелистер го очекува дерби натпревар против Алкалоид на домашен терен во 14. коло од Супер лигата.