Богдан Радивојевиќ уште една сезона во Еурофарм Пелистер

Ростерот на битолскиот тим и следната сезона ќе биде преполн со родени шампиони. Еден од нив е Богдан Радивојевиќ, кој се обрвза на нов едногодишен договор со Еурофарм Пелистер. По две успешни сезони во првакот на Македонија, десното крило постигна согласност за соработка и за сезоната 2025/26.

Младиот Илија Трајчески потпиша професионален договор со Охрид

Екипата на Охрид, која вложува и во младинските категории потпиша договор со младиот ракометар Илија Трајчески и од следната сезона ќе настапува за сениорскиот тим.

Распродадена е салата “Јане Сандански” за дербито меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер

Екипата на Вардар ја очекува дерби натпревар на домашен терен против екипата на Еурофарм Пелистер во плеј-офот од Супер лигата.

Алкалоид е нов шампион на Европскиот Куп во машка конкуренција

Екипата на Алкалоид е нов шампион во Европскиот Куп во машка конкуренција, откако го доби службено натпреварот со АЕК Атина од 10-0.