Од среда во продажба билетите за Купот на Македонија

Картите за Ф4 турнирот од Купот на Македонија ќе бидат пуштени во продажба од среда 12 часот кај Аждер и на билетарата при СРЦ „Билјанини Извори“ од 18 до 20 часот секој ден.

Фленсбург го освои трофејот во Лигата на Европа во машка конкуренција

Екипата на Фленсбург стана шампион во Лигата на Европа во машка конкуренција, откако во финалето на Ф4 турнирот славеше против Монпелје со 32-25.

Министерството за спорт ги награди младинците на Еурофарм Пелистер за пласманот на Ф4 турнирот во ЛШ

Министерството за спорт донесе одлука да ги награди ракометарите на Еурофарм Пелистер, младинска екипа, со парична награда од 1,5 милиони денари за пласманот на завршниот турнир на Лигата на шампионите во Келн.

Овче Поле Славјански Универзитет убедлив против Шампион

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа висока победа против екипата на Шампион со конечни 41-20 во плеј-аутот од Женската Супер лига.

Горан Андоновски и Самадреџа сезоната ја завршија на второто место во Косово

Екипата на Самадреџа, каде тренер е Горан Андоновски, а настапува и ракометарката Бојана Радевска сезоната во Косово ја заврши на второто место.