Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај екипата на Тиквеш

Екипата на Еурофарм Пелистер забележа победа на гостувањето кај екипата на Тиквеш со резултат 32-27 во 1. коло од плеј-офот од Супер лигата.

Виктор Јанковски од Полска е ново засилување на Вардар

Од следната сезона нов член на Вардар ќе биде полскиот репрезентативен пивотмен Виктор Јанковски (23 години) кој се согласи на тригодишна верност со македонскиот клуб. Јанковски е висок 200 см. и ќе биде важна алка во тимот, во одбрана и во напад.