Потпишана соработка помеѓу Вардар 1961 и Универзитет Скопје

Извршниот директор на двојниот европски шампион Вардар 1961, Борко Ристовски и ректорот на Универзитет Скопје, проф. д-р Аце Миленковски потпишаа Меморандум за соработка, со што се зголеми семејството на пријатели и поддржувачи на „црвено-црните“.

Словенецот Домен Тајник во редовите на Еурофарм Пелистер

Тимот на Еурофарм Пелистер од денес има нов член во своето ракометно семејство. Малата словенечка колонија во градот Битола е побогата за средниот бек Домен Тајник.

Алем Хаџиќ од Босна и Херцеговина потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер 2

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ е нов во битолското ракометно семејство.

Тиквеш и клиниката Ортхоспорт од Бања Лука договорија соработка

Екипата на Тиквеш од Кавадарци, која во новата сезона влегува со зголемени амбиции во Супер лигата, но и во Европскиот Куп доби нов спонзор.