
Ќе се одржи хуманитарен натпревар помеѓу Тиквеш и Олимпијакос
Во петок (02.09.2022год.) во 18:00 часот во салата Јасмин во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен пријателски натпревар помеѓу екипите на Тиквеш и Олимпијакос од Грција.

Во петок (02.09.2022год.) во 18:00 часот во салата Јасмин во Кавадарци ќе се одржи хуманитарен пријателски натпревар помеѓу екипите на Тиквеш и Олимпијакос од Грција.

Составот на Тиквеш го освои турнирот "Крсте Андоновски - Усташ", откако на пенали ја совлада екипата на Партизан со 33-32 и регуларен дел 29-29.

Екипата на Тиквеш го совлада тимот на Охрид со 24-22 и се пласира во финалето на турнирот "Крсте Андоновски - Усташ".

Екипата на Тиквеш од Кавадарци се засили со младиот ракометар Славчо Шулески кој доаѓа од тимот на Охрид.

На 23 и 24 август ќе се одржи првото издание на меморијалниот турнир "Крсте Андоновски - Усташ", па по повод турнирот се одржа прес конференција.

Екипата на Тиквеш од Кавадарци покрај составот за новата сезона го продолжи договорот и со член од стручниот штаб.