
Данска убедлива против Унгарија, Шпанија славеше против Јапонија
Данска оствари убедлива победа против Унгарија во првото коло од втората фаза на Светското Првенство со убедливи 30-19.

Данска оствари убедлива победа против Унгарија во првото коло од втората фаза на Светското Првенство со убедливи 30-19.

Русија славеше во дербито против Полска со 26-23. Најефикасна во Русија беше Екатерина Илина со осум погодоци, додека кај Полска најефикасна беше Александра Росијак исто така со осум погодоци.

Репрезентацијата на Хрватска го совлада Парагвај со убедливи 38-16. Најефикасна во Хрватска беше Блажевиќ со шест погодоци, додека кај Парагвај најефикасна беше Акуња со пет погодоци.

Убедлива победа извојува и Холандија против Порто Рико со 55-15. Најефикасна во Холандија беше Кели Волебрегт со осум погодоци.

Европската ракометна федерација (ЕХФ) одржа конгрес во Виена и ги откри организаторите на Европските првенства во машка и женска конкуренција во 2026 и 2028 година.

Ракометарките на Вардар загубија на домашен терен од Јуро Унирек со резултат 25-35 во првиот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп и со минус десет ќе патуваат на гостувањето во Холандија за вториот натпревар.