
Овче Поле Славјански Универзитет во неизвесен финиш ја совлада Стружанка
Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет во неизвесен финиш ја совладаа екипата на Стружанка со резултат 23-22.

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет во неизвесен финиш ја совладаа екипата на Стружанка со резултат 23-22.

Женскиот тим на Вардар триумфираше во Битола кај екипата на Пелистер со резултат 29-23.

Ракометарите на Голден Арт ја забележаа првата победа во Супер лигата, откако на домашен терен го совладаа тимот на Скопје 2020 со резултат 30-27.

Ракометарите на Преспа 2015 со победа се враќаат од гостувањето во Велес кај екипата на Борец, откако славеа со резултат 31-23.

Тимот на Кичево 2020 ја забележа првата победа во Првата лига, откако на домашен терен ја совлада екипата на Јехона со минимални 23-22.

Екипата на Бутел Скопје во неизвесен натпревар успеа да го совлада тимот на Струга со 27-25.