Аполда на Игор Тоскоски, Христијан Милошески, Дејан Гошевски и Пеце Ѓорѓиески шампион во пониските лиги на Германија

Екипата на Аполда, каде тренер е Игор Тоскоски, а настапуваат Христијан Милошески, Дејан Гошевски и Пеце Ѓорѓиески е шампион во пониските рангови на Германија.

Екипата на Војводина на Андријана Будимир и Пена Граматова преку бараж до пласман во Супер лигата на Србија!

Екипата на Војводина, каде тренер е Андријана Будимир, а играч е ракометарката Пена Граматова обезбеди пласман во Женската Супер лига на Србија.