
Младост Богданци убедлив на гостувањето кај екипата на Текстилец
Екипата на Младост Богданци со победа се враќа од гостувањето во Штип, кај екипата на Текстилец, откако славеше со високи 37-26.

Екипата на Младост Богданци со победа се враќа од гостувањето во Штип, кај екипата на Текстилец, откако славеше со високи 37-26.

Екипата на Радовиш продолжува со победите во Првата лига, откако на гостински терен го доби тимот на Овче Поле со 30-24.

Екипата на Преспа Вардар со пресврт триумфираше против Астраион со резултат 33-29 во Првата лига.

Ракометарите на Металург РА забележаа висока победа против тимот на Партизан Гевгелија со 44-25.

Екипата на Драчево забележа лесна победа против тимот на Борец со убедливи 58-18 во натпревар од Првата лига.

Координаторот на проектот Ракомет За Секое Дете, Горан Ѓоргоноски, ќе биде учесник на втората конференција Handball Talks, со работен наслов "Ракомет, утре", во организација на најпознатиот регионален портал Balkan-Handball.com со техничка поддршка на Рк Нексе од Нашице, која ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Нашице (Хрватска).