
Комплетирано 2. коло кај пионерите
Се одигра и се комплетираше 2. коло од групната фаза од пионерската лига во машка конкуренција.

Се одигра и се комплетираше 2. коло од групната фаза од пионерската лига во машка конкуренција.

Екипата на Аеродром забележа победа против екипата на Шампион со високи 37-18 во Првата лига.

Екипата на Јехона забележа победа против екипата на Партизан Гевгелија со конечни 36-26 во натпревар од Првата лига.

Екипата на Драчево Јуниор забележа висока победа против екипата на Преспа со убедливи 43-14 во Првата лига.

Екипата на Македонија Ѓорче Петров забележа победа на гостувањето кај екипата на Кичево 2020 со високи 34-23 во Првата лига.

Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Шампион со високи 47-10 во Женската Прва лига.