
Данска и Шпанија се пласираа во полуфиналето од СП!
Селекцијата на Данска се пласира во полуфиналето на Светското Првенство во Шпанија, откако ја совлада селекцијата на Бразил со 30-25.

Селекцијата на Данска се пласира во полуфиналето на Светското Првенство во Шпанија, откако ја совлада селекцијата на Бразил со 30-25.

Норвешка ја совлада Холандија со 37-34. Најефикасна кај Норвешка беше Рајстад со десет погодоци, кај селекцијата на Холандија беше Хоушер со десет погодоци.

Селекцијата на Австрија ја оствари првата победа во втората фаза на СП, откако ја совлада Хрватска со 27-23.

Репрезентацијата на Франција ја совлада Србија со 22-19. Најефикасна во Франција беше Заади со шест гола, а кај Србија најефикасна беше Радојевиќ со пет погодоци.

Шпанија ја совлада селекцијата на Хрватска со 27-23 и се пласира во четвртфиналето. Најефикасна во Шпанија беше Александрина Кабрал Саброса со шест погодоци, додека кај Хрватска најефикасна беше Валентина Блажевиќ со седум погодоци.

Голден Арт беше подобар од Металург со 36-34. Бисинов славеше против Вардар 21-14.