Вардар го објави планот на подготовките за новата сезона (ФОТО)

Со собир во Скопје, Вардар во четврток ги почнува подготовките за новата ракометна сезона. Екипата се собира на 24 јули во Скопје каде ќе се направат сите потребни медицински тестови, а потоа ќе почнат и тренинзите на тимот кои исто така ќе бидат во Скопје.

Матеј Јовановски е нов кондиционен тренер на Вардар

За новата сезона стручниот штаб на Вардар ќе биде засилен со Матеј Јовановски, кој ќе биде кондициски тренер. Тој е еден од најперспективните млади кондициски тренери во Македонија, со искуство во одбојката и кошарката.