Ларс Коиј потпиша за Вардар 1961

Во следната сезона дел од екипата на Вардар 1961 ќе биде холандскиот репрезентативец Ларс Коиј. Тој игра на позицијата пивотмен, и ќе остане во Скопје најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката. Тој е првиот Холанѓанец што потпишува за Вардар 1961, и воопшто прв играч што доаѓа во Македонија од оваа земја.

Марио Танкоски потпиша за Вардар 1961!

Македонскиот бек Марио Танкоски во следните две сезони ќе биде член на Вардар 1961. Повремениот македонски репрезентативец кој игра на позицијата среден бек ќе го облече „црвено-црниот“ дрес и доаѓа како играч од кого многу се очекува во иднина, играч кој има огромен потенцијал.