РФМ и Халкбанк ја продолжија соработката (ФОТО)

Денес беше официјално потпишан договорот за продолжување на спонзорската соработка меѓу Халкбанк АД Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што поддршката на Халкбанк кон македонскиот ракомет продолжува и во 2026 година.

РФМ со казни за Дејан Манасков и Крсте Андоновски, казни добија и Охрид и Еурофарм Пелистер

Дисциплинската комисија при Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) во својот последен билтен ги соопшти казните за настаните на натпреварот меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер.

Македонија со вајлд-карта во Лигата на шампионите, во Европскиот Куп три места, а во Лигата на Европа едно место

Извршниот Комитет на Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави рејтингот на федерациите за идната сезона во Лигата на шампионите, Европскиот Куп и Лигата на Европа.

РФМ и Пивара Скопје ја продолжија соработката (ФОТО)

Официјално беше потпишан договорот за соработка меѓу Пивара Скопје и Ракометната федерација на Македонија, со што се потврдува и продолжува едно од најдолгите и најзначајни партнерства во македонскиот спорт.