
Бојан Николовски и Мартин Божиновски потпишаа за Кастриоти Феризај
Десното крило Бојан Николовски и голманот Мартин Божиновски потпишаа за Кастриоти Феризај.

Десното крило Бојан Николовски и голманот Мартин Божиновски потпишаа за Кастриоти Феризај.

Усама Хосни кој има 29 години со екипата на Еурофарм Пелистер потпиша договор на две сезони. Тој доаѓа од францускиот тим Истр, а претходно настапуваше и за Клуб Африкан, Иври, Понто Комбо, настапува и за репрезентацијата на Тунис.

Данската репрезентативка која настапува на позицијата голман Сандра Тофт потпиша за Ѓер.

Словенечкиот интернационалец Урбан Лесјак од следната сезона ќе биде нов ракометар на Еурофарм Пелистер.

Младиот играч Лука Лешникоски кој има 16 години од Прилеп, кој игра на позицијата десно крило ќе го засили Голден Арт и ќе настапува во младинската категорија.

Голманот на машката сениорска репрезентација на Русија, Виктор Киреев потпиша за германскиот тим Фуксе Берлин.