
Кире Лазаров и Нант се вицешампиони во Франција
Екипата на Нант каде настапува Кире Лазаров стана вицешампион во Франција. Тимот на Лазаров стигна до пласман на Европската лига на ЕХФ.

Екипата на Нант каде настапува Кире Лазаров стана вицешампион во Франција. Тимот на Лазаров стигна до пласман на Европската лига на ЕХФ.

Екипата на Иштад е нов шампион на Шведска во машка конкуренција откако во финалето на нивниот плеј-оф со 3-1 во серијата го совладаа тимот на Сковде.

Ростов Дон е нов шампион на Русија. На првиот натпревар во финалната серија во руското првенство Ростов Дон против ЦСКА победи со пет гола разлика 27-22, додека на вториот натпревар Ростов Дон загуби со минимални 29-28 и стана шампион на Русија.

Екипата на Алкалоид го совлада тимот на Бутел Скопје со 23-22 и стана нов шампион на Македонија во младинска лига.

Тимот на Тримо Требње е вицешампион во Словенија, откако славеше во последното коло од тамошниот шампионат и го освои 2. место.

На денешен ден 19.05.2002 година екипата на Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во Македонија, откако го крена пехарот во Лигата на шампионите.