
Рајн Некар Левен го совлада Магдебург и го освои Купот на Германија
Ракометарите на Рајн Некар Левен го совладаа тимот на Магдебург со резултат 36-34, и го освоија Купот на Германија.

Ракометарите на Рајн Некар Левен го совладаа тимот на Магдебург со резултат 36-34, и го освоија Купот на Германија.

Екипата на Веспрем го совлада тимот на Пик Сегед со резултат 35-32 во финалето, и го освои Купот на Унгарија.

Екс тренерот на Вардар 1961, Давид Дејвис со екипата на Ал Ахли станаа шампиони на Египет, откако во финалето ја совладаа екипата на Замалек со 24-21.

Екипата на Барселона по 30 пат стана шампион на Шпанија, откако славеше против Ваљадолид со 32-24 и математички ја обезбеди титулата.

Екипата на Талент Плзен, каде настапува македонскиот ракометар Никола Костески стана шампион во Купот на Чешка.

Викендов во Италија се одигра Купот во женска конкуренција. Од Македонија во женска конкуренција имаше еден претставник, а тоа е Савица Мркиќ.