
Целје е нов шампион на Словенија
Екипата на Целје ја освои Супер лигата и стана шампион во Словенија, додека на второто место заврши Тримо Требње, а на третото место заврши Горење Велење.

Екипата на Целје ја освои Супер лигата и стана шампион во Словенија, додека на второто место заврши Тримо Требње, а на третото место заврши Горење Велење.

Екипата на Локомотива Загреб каде настапува македонската ракометарка Андреа Седлоска по осум години стана шампион на Хрватска.

Екипата на Наербо од Норвешка е шампион во Европскиот Куп во машка конкуренција, откако славеше во двата финални натпревари против Баја Маре (26-27, 29-25).

Тимот на Олимпијакос е нов шампион на Грција, откако ја доби финалната серија во плеј-офот со 3-1 против АЕК Атина.

Тимот на Тримо Требње е вицешампион во Словенија, откако славеше во последното коло од тамошниот шампионат и го освои 2. место.

Екипата на Бенфика е нов шампион во Лигата на Европа, откако во финалниот натпревар на продолженија славеше против Магдебург со 40-39.