Александар Зарков е нов тренер на Еурофарм Пелистер 2
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 го означува својот нов проект, својот нов почеток. За остварување на целта, која е враќање во Супер лига, тимот му е доверен на легендарно име од историјата на клубот. За нов тренер на Еурофарм Пелистер 2 е назначен Александар Зарков.