
Вардарци имаа гостинка на натпреварот со Прилеп во Супер лигата (ФОТО)
На натпреварот против екипата на Рк Прилеп, гостинка беше младата ракометарка Андријана Митровска, која со својата креативност и талент за цртање, успеа на најубав можен начин да ја изрази својата приврзаност кон клубот, а тоа е нешто кое Рк Вардар секогаш знае да го цени.