Претседателот на РФМ и министерот Борко Ристовски во посета на тренингот на сениорската женска репрезентација (ФОТО)

Во пресрет на Европско првенство 2024 година раководството на Ракометната Федерација на Македонија, претседателот на РФМ Живко Мукаетов, генералниот секретар Филип Милошевски заедно со министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија репрезентативките на вчерашниот тренинг каде ги поздравија и им посакаа успешен настап на континенталниот собир.

Борко Ристовски ги прими младинците на Македонија

Македонската младинска машка ракометна репрезентација, која настапот на овогодинешното Европско првенство 2024 година го заврши со пласман на 9 место, по пристигнувањето во Скопје се сретна со Министерот за спорт, Борко Ристовски, кој истакнувајќи го своето задоволство од пласманот упати искрени честитки до младинците, стручниот штаб и Федерацијата.

Борко Ристовски од Вардар 1961 ќе учествува на панел дискусија во Хрватска

Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар ќе говори на регионалната панел дискусија #handballtalks што денеска и утре се одржува во Нашице, Хрватска во организација на Balkan-Handball.com.