
Турингер е шампион во Лигата на Европа во женска конкуренција
Екипата на Турингер од Германија стана шампион во Лигата на Европа во женска конкуренција, откако во финалето го совлада тимот на Икаст со резултат 34-32.

Екипата на Турингер од Германија стана шампион во Лигата на Европа во женска конкуренција, откако во финалето го совлада тимот на Икаст со резултат 34-32.

Екипата на Црвена Звезда го освои Купот на Србија во женска конкуренција, откако во финалето ја совлада екипата на Јагодина со високи 40-29.

Екипата на Војводина го освои Купот на Србија, откако во финалето ја совлада екипата на Партизан со конечни 28-26.

Екипата на Ла Сал, каде тренер е Борче Марковски, а асистент е Перо Арсоски и ракометарката Бети Петковска го освои трофејот во Купот на Малта.

Екипата на Вардар е шампион во кадетската лига во женска конкуренција, откако во финалето ја совлада Стружанка со високи 32-17.

Екипата на Киелце ја совлада екипата на Висла Плоцк со резултат 27-24 и го освои трофејот во Купот на Полска.