Иван Чупиќ и Васил Гогов едногласни: Мора да победиме – дисциплина, помалку грешки и полна сала

Ракометарите на Вардар во вторник (18:45 часот) го пречекуваат Кристијанштад во СЦ „Јане Сандански“, во дерби на вториот круг од групната фаза на ЕХФ Европската лига.

Васил Гогов во Вардар 1961 до 2026 година

Голманот Васил Гогов уште две сезони ќе биде меѓу стативите, и ќе го носи дресот на Рк Вардар 1961. Тој го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година. Гогов од 2019 година е дел од Вардар 1961, и секоја сезона се повеќе напредува и се наметнува со својот квалитет, а менаџментот на клубот верува дека тој ќе биде „фактор Х“ во иднина и уште повеќе ќе се докаже со своите настапи.

Сите одбрани на Васил Гогов против Веспрем (ВИДЕО)

На натпреварот помеѓу Веспрем и Вардар, македонскиот тим успешно го промовираше младиот голман, Васил Гогов, кој влезе во игра во 45 минута и за само 15 минути успеа да одбрани 8 од 14 упатени удари кон неговиот гол, што е повеќе од 50% на успешност.