
Кире Лазаров одличен, Нант го совлада Шартр
Екипата на Нант ја совлада екипата на Шартр со 40-36 (19-21) во 21. коло од првенството во Франција. Нашиот Кире Лазаров беше одличен со пет погодоци на овој натпревар.

Екипата на Нант ја совлада екипата на Шартр со 40-36 (19-21) во 21. коло од првенството во Франција. Нашиот Кире Лазаров беше одличен со пет погодоци на овој натпревар.

Екипата на Тор Акурејри од Исланд каде тренер е Стевче Алушовски и каде настапува Томислав Јагуриновски забележа победа на гостувањето кај екипата на Кодренгир со убедливи 21-32.

Екипата на Коњалти славеше против Јенимахал со 35-25 и се позиционираше на третото место на табелата во шампионатот во Турција во женска конкуренција и ги зголеми шансите за освојување на титулата.

Четири репрезентации се натпреваруваат на турнирот на Златната лига. Во првиот натпреварувачки ден Данска ја совлада Норвешка убедливо со 37-21.

Европската ракометна федерација ги објави составите за натпреварот меѓу Македонија и Романија од баражот за Светското првенство.

Зорица Десподовска настапува во екипата на Кобержице од Полска, и на натпреварот помеѓу Јарослав екипата на Кобержице беше поразена со 28-22 во 20. коло од шампионатот во Полска.